Меѓу 12-те лица, кои се убиени вчера кога маскирани вооружени напаѓачи влегоа во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз за време на одржување на уреднички колегиум, се наоѓале осум новинари, меѓу кои и главниот уредник на списанието.
Единаесет луѓе се повредени, од кои неколкумина се потешко.
Двајца полицајци се убиени на улицата пред редакцијата додека напаѓачите бегале со автомобил.
Меѓу жртвите е уредникот на „Шарли ебдо“ и карикатурист Стефан „Шарб“ Шарбоние (47), кој бил под полициска заштита поради заканите кои ги добивал.
Убиени се и карикатуристите Жан „Каби“ Кабит (76), Бернар „Тињу“ Верлак (57), Жорж Волински (80) и Филип Оноре (73). Меѓу загинатите е и економистот и колумнист во списанието Бернар Марис (68), кого читателите го познаваат како „вујко Бернар“. Исто така е убиен и лекторот Мустафа Урад, а единствената жена меѓу жртвите е психоаналитичарот и колумнист Иза Кајат.
Мишел Рено, кој дошол во посета од Клермон-Феран е еден од загинатите, како и домарот Фредрик Бусо (42), кој бил на пријавницата за време на нападот.
Едниот од убиените полицајци е Франк Бринзоларо, која работел како телохранител на главниот уредник, а другиот е 42-годишниот Ахмет Мерабет.