Турската опозиција бара намалување на изборниот праг за влез во Парламентот на три проценти

Од:

Главната турска опозициска партија-Републиканско-народната партија вчера во Парламентот поднесе предлог закон за намалување на изборниот праг за влез во Парламентот од 10 на три проценти со цел „да се обезбеди поправедно претставување“, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“.

Иницијативата доаѓа едвај еден ден откако турскиот Уставен суд одби да се произнесе по предлозите за намалување на 10-процентниот изборен праг за влез во Парламентот.

Уставниот суд утврди дека не може да нареди промена на изборниот праг за влез во Парламентот. Тоа значи дека изборниот закон ќе остане ист за парламентарните избори во јуни.

„Праведноста во претставувањето е задолжителна за современите демократии. Изборен праг од три проценти ќе ја зголеми разноликоста во Парламентот. Зголемувањето на бројот на политички партии што ќе влезат во Парламентот нема да внесе хаос, туку само повеќе плурализам – што е неопходен услов за демократијата“, се посочува во образложението на предлог законот, што вчера беше поднесен во Паралментот од страна на заменик претседателот на РНП Сезгин Танракулу.

Политичките партии во Турција во принцип го поддржуваат намалувањето на изборниот праг, но не можат да се договорат за техничките детали. Опозициските партии ја обвинуваат владеачката Партија на правдата и развојот за неискреност во ова прашање, забележува весникот.

-Примената на изборен праг од 10 проценти при пропорционален избирен систем е главната пречка пред правото на луѓето да бидат претставувани во Параментот, вели Танракулу.

Изборниот праг од 10 процента, највисокиот во Европа, во турскиот изборен систем беше воведен за време на владеењето на армијата по воениот преврат во 1980 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ