Оглас за издавање на Автобуската станица-Скопје

Од:

Град Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуската станица–Скопје за временски период од 15 години како целосно функционален простор дефиниран со имотните листови.

Давањето под закуп ќе се изврши по пат на усно јавно наддавање што ќе се одржи во салата на Совет на Град Скопје на 30 март годинава во 10 часот, а постапката ќе ја спроведе Комисија.

Според условите на јавниот повик, основен критериум за избор ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, без вклучен ДДВ.

Краен рок за доставување на документите за утврдување на способноста на учесниците за учество во постапката за усно јавно наддавање е 5 март годинава до 14 часот по локално време. Документите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Град Скопје во барака број 16.

Од Град Скопје потсетуваат дека годинава се навршуваат 15 години откако Градот ја издаде под концесија Автобуската станица – Скопје.

– Поради истекување на договорот за закуп, се објавува јавен повик за избор на закупувач на автобуската за да се овозможи непречен транспорт на патници, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски