Животната среќа зависи од тоа каде живеете

Од:

Линијата на среќата опаѓа со влегувањето во средните години, но само ако живеете на богатиот Запад, покажа истражувањето на британските научници кое го пренесе Би-Би-Си.

Користејќи се со глобалните податоци, експертите од Универзитетот во Лондон откриле дека животното задоволство зависи од тоа каде живеат луѓето. Линијата на среќата во САД и во Велика Британија има форма на буквата У латинично (U) од дното до средни години, додека во Африка константно е ниска, а во источна Европа, во поранешниот Советски Сојуз и Латинска Америка со годините опаѓа.

Причините за тоа се повеќекратни и сложени, но постојат некои сигурни објаснувања и лекции кои можеме да ги научиме од тоа, вели проф. Ендрју Стептоу.

Експертите користеле податоци на Галуп од повеќе од 160 земји во светот во кои живеат 98 отсто од светското население. Кај западните народи, животната среќа паѓа на најниско ниво од 45 до 54 години, а потоа повторно расте. Тоа е најдобро време за напорна работа и заработување на пари, дури и покрај жртвување на среќата, за да може подоцна тоа богатство и задоволство да се зголеми, рече коавторот на студијата Ангус Деатон.

Токму со тоа може да се објасни зошто постарите луѓе се среќни наспроти тоа што со години телесно се се послаби. Иако ги мачи лошо здравје, нивното општо задоволство од животот го поништува негативното влијание на физичките проблеми, велат експертите.

Во транзициските земји, како што се земјите на поранешниот Советски Сојуз, нивото на животното задоволство константно паѓа со стареењето и општо е помало од нивото на Запад. Тоа повторно може да се поврзе со економските причини, бидејќи постарите луѓе во тие земји повеќе не живеат во систем кој им давал смисла на животот, пензии и здравствено обезбедување.

Во субсахарска Африка задоволството од животот е ниско во текот на целиот живот, а стресот и стравот се високи, покажа истражувањето. Професор Стептое вели дека парите не се гаранција за среќа, но економскиот развој секако придонесува за чувството на задоволство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ