Летонија најави дека нема да ја води ЕУ против Русија

Од:

Летонија како претседавач на Советот на Европската унија до средината на годината нема да води политика насочена против Русија, изјави на прес-конференција во Рига летонискиот министер за надворешни рабти Едгарс Ринкевич.

Тој истакна дека санкциите на ЕУ кон Русија немаат за цел промена на режимот во Кремљ. Според него санкциите ја спречиле изградбата на „руски коридор преку Црното Море“.

– Санкциите вродија со плод, ситуацијата во источна Украина се подобрува. Доколку се влоши санкциите ќе бидат зајакнати, истакна министерот.

Ринкевич додаде дека политиката на ЕУ за Крим ќе важи во однос на воведеното инвестициско ембарго.

– Можеби влошувањето на економската ситуација во Русија, предизвикано од санкциите и цените на горивата води до зголемување на желбата на Москва за пронаоѓање решение на украинската криза, додаде Ринкевич.

Тој изрази надеж дека кризата во Украина ќе и даде нови можности на Белорусија во односите со ЕУ.

– Белорусија има интерес од натамошна економска и политичка соработка со ЕУ. Би можеле да побараме заеднички решенија и да го отвориме прашање за олеснување на визниот режим, изјави летонскиот министер за надворешни работи.

Тој изјави дека Летонија очекува до средината на годината отварање нови поглавја во преговорите со Црна Гора, како и постигнување напредок од страна на Србија, а изрази и подготвеност за продолжување на преговорите со Турција и останатите кандидати за членстов во Еу.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ