Израелски суд го осуди на доживотен затвор Палестинецот, кој е прогласен за виновен за организирање на киднапирањето и убиството на тројцата израелски тинејџери, што беше повод за серија инциденти, кои доведоа до војна во Појасот Газа минатото лето.
Судот му изрече три доживотни поресуди на Хусам Кауасме, по една за секое од убиените момчиња.
Деветнаесет годишниот Ејал Ифрах, 16-годишниот Гилад Шаар и 16-годишниот Нафтали Френкел, кои имаа израелско и американско државјанство беа киднапирани и убиени во јуни минатата година, додека со автостоп се обидувале да стигнат дома на Западниот Брег.
Израел презеде голема операција за пронаоѓање на момчињата и уапси стотици членови на Хамас на Западниот Брег. Хамас ги интензивираше нападите врз Јужен Израел, предизвикувајќи воен одговор, кој ескалиршае во 50-дневна војна. Во неа беа убиени над 2.100 Палестинци и 72 Израелци.