Американец се обидел да изнесе од Македонија 262 артефакти

Од:

Царинските службеници од скопскиот аеродром „Александар Велики” во петокот спречија обид од земјата да бидат изнесени дури 262 вредни археолошки предмети.

При рентгенска контрола на личниот багаж на американски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Виена, биле забележани сомнителни предмети, поради што аеродромската служба повикала царински службеник да изврши контрола на багажот.

При извршената детална контрола, на дното на ранец, завиткани во хартија биле пронајдени 262 артефакти, од кои 256 се стари монети, два древни оловни печата, два приврзока, бардак и керамички сад.

Пронајдените предмети ќе бидат предадени на вештачење во Управата за културно наследство.

Претходно во понеделникот оваа седмица, на железничката станица Табановце при преглед и контрола на воз кој сообраќал на редовната линија Скопје – Белград, беа откриени марихуаната и стари монети кои биле сокриени во тоалетот на еден од вагоните, под мијалникот, во празнината со инсталации за греење и водовод која се отвора само со специјален железнички клуч.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче