Турција зафатена од снежни врнежи

Од:

Снежните врнежи во Турција предизвикаа сообраќајни несреќи и затворање на училиштата, како и откажување на авионски летови во земјата.

Еден ученик загинал, а 11 се повредени, откако школски автобус имал несреќа во округот Карабјук, во северниот дел на Турција, поради лошите временски услови.

Снегот предизвикал проблеми и во сообраќајот во главниот град Анкара. Патот, кој ја поврзува Анкара со Измир, бил времено затворен за движење во раните утрински часови.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ откажала многу домашни летови, меѓу кои и неколку за Истанбул, Анкара и Измир.

Во Истанбул и Бурса е откажано и движењето на траектите поради лоѓите метеоролошки услови во Мраморното Море.

Снежните врнежи во Истанбул станале поинтензивни попладнево и се очекува да продолжат во текот на целиот ден.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ