Колку беа добри прогнозите на „Враќање во иднината“

Од:

Во 1989 година, во филмот „Враќање во иднината 2“ Марти Мек Флај и Док Браун отпатуваа во 2015 година.

Многумина беа залудени со овој филм, во кој се прославија глумците Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд во главните улоги и многу обожуватели се прашуваа дали овие работи навистина ќе бидат можни во далечната иднина.

Иднината стигна, но многу работи кои го прославија овој филм сепак не се остварени.

1. Летачки автомобили

Иако би било супер со летечки автомобили да се победат утринските гужви, овој изум се уште е далеку од остварување.

2. Патики кои сами се врзуваат

Наик уште во 2011 година исфрли футуристички патики кои можеме да ги видиме на Марти, но тогаш не постоеја на Пауерлејс патиките. Меѓутоа, група Канаѓани на Кикстартет почнаа да собираат пари за систем кој до крајот на 2015 година може да го олесни врзувањето на патиките.

3. Облека која ќе се прилагодува на телото

Марти Мек Флај во еден момент облекува јакна која автоматски се прилагодува на неговото тело. За жал, изумот кој значително би го олеснил шопингот и понатаму не е на повидок.

4. Легендарниот hoverboard

Hoverboard го спаси Марти од многу незгодни ситуации, а на радост на гледачите се чини дека тој изум не е блиску до своето остварување. Кон крајот на минатата година Хендо Ховер исфрли прототип на својот лебдечки скејтбоард, но нивната симпатична играчка се уште не е подготвена за масовно производство, пишува Дејли Меил.

5. Ајкула 19

Во филмот се гледаат видео повици како и холограми во кино. Денес видео повиците се наше секојдневие, а новиот изум на Гугл Глас потсетува на очила какви што ги видовме на филмот. 3Д филмовите и холограмите исто така се вообичаена појава, но се чини дека малку доцниме со продолжетоците на филмот Ајкула.

6. Хидратори за храна

Иако би било супер да се има ручек готов за само неколку секунди, Блек енд Декер хидратори за храна се уште не се на повидок. Иако микробрановите печки значително ја олеснува постапката со загревање или одмрзнување, во филмот Враќање во иднината пицата беше готова за само 3 секунди.

Годината само што почна па можеби иноваторите во светот ќе не изненадат со изум кој би бил поттикнат од овој легендарен филм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ