Хамас целосно против поднесување нова резолуција во СБ на ОН

Од:

Хамас соопшти дека целосно се противи на плановите на палестинскиот претседател Махмуд Абас повторно да поднесе до Советот за безбедност на Обединетите нации резолуција, со која се одредува рокот за израелското повлекување од Западниот Брег, откако првата резолуција не беше усвоена минатата недела.

– Хамас целосно се противи на секое враќање во Советот за безбедност на ОН од страна на Палестинската управа, изјави синоќа портпаролот на групацијата Сами Аби Зухри преку соопштение.

– Таков чекор би бил политичка глупост со кој се игра опасна игра со судбината на нашата нација. Махмуд Абас и раководството на Палестинската управа би требало целосно да ја прекинат таа политичка глупост, нагаси Зухри.

Палестинското раководство пред неколку дена одлучи повторно да поднесе нацрт-резолуција, со која се одредува рокот за конечна мировна спогодба и ставање крај на окупацијата.

Резолуцијата не доби доволен број гласови во СБ на 30 декември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел го нападна центарот на Бејрут, убиен лидерот на Хамас за Либан

Хамнеи ги повика муслиманите „со сите можни средства“ да се спротивстават на Израел