Бројката на новородени деца во Македонија се намалила од 50 на 22 илјади според податоците од последните години, па премиерот на Република Македонија, Никола Груевски порача до граѓаните на Македонија да имаат повеќе деца.
„Владата презема многу мерки за менување на овие состојби. Ние анализиравме дека нема само една причина за ова, туку се повеќе. Најзагрижувачки е тоа што свеста на луѓето е така конструирана што потешко се одлучуват за зголемување на семејството и да имаат две, ако не и повеќе деца. Кога водевме кампања за трето дете, ние вусшност видовме дека проблемот можеби е и во тоа што многу родители немаат ниту второ. Соочени со бројките за намалување на наталитетот што ги споменав неодамна, а се случува во последните педесетина години, сакавме да ги преземеме сите мерки и да направиме што е можно повеќе родителите полесно да се одлучуваат да ги прошируваат своите семејства“, рече премиерот.
Тој исто така додаде дека рецесијата на наталитетот е многу пострашна од сегашната минлива рецесија во економската сфера.
Владата презема неколку мерки и активности за да допринесе за зголемување на наталитетот. Премиерот Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на нова детска градинка во Колонија, укажа на
владините мерки што досега ги има преземено Владата во оваа насока за да им излезе во пресрет на брачните заедници како што се додатокот за трето дете, доживотниот надоместок по 62. година доколку мајката не може да оствари право на пензија.