ЕУ со телевизиски канал ќе се бори „против пропагандата на Путин“

Од:

ЕУ разгледува можност за европски ТВ канал „против пропагандата на Путин“, обзнани популарниот вебсајт „Базфид“ во интервју со летонскиот министер за надворешни работи непосредно пред Рига да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот од 2015. Земјите членки на ЕУ се посериозно ја разгледуваат можноста за отворање сопствен ТВ канал кој ќе има за цел да се бори против „пропагандата на Путин“.

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич, во интервјуто порача дека идејата ја има поддршката на 15-тина земји членки на Унијата меѓу кои скандинавските и балтичките земји, Полска, Велика Британија.
Идејата според него е да се создаде ТВ канал кој „да се инвестира заедно во алтернативен извор на информација – не во алтернативни извори на пропаганда, туку во нормален алтернативен ТВ канал, со забава, вести и фактички точни информации“.

ТБ каналот би се емитувал на руски јазик и би им бил противтежа на руските медиуми кои се емитуваат на јазиците од ЕУ, како РТ (Russia Today) и РБХ (Russia Beyond the Headlines), Гласот на Русија, итн. кои ја презентираат руската верзија на конфликтот во Украина и руската визија за глобалните случувања.

Европската Комисија била информирана за „недостатокот од независност на медиумите на руски јазик присутни во ЕУ и нејзиното соседство. Има предлози за алтернативни медиумски гласови на руски, вклучително и ТВ канали. Европската Комисија одблиску ја прати оваа размена на идеи и е подготвена да ја разгледа секоја конструктивна можност да се одговори на овие прашања,“ потврди портпарол на ЕК за новинарите.

Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ