Јоханис: Главната цел на судскиот систем во Романија е укинување на Механизмот за соработка и проверка

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави денеска на седницата на Високиот совет на магистратите дека една од главните цели на судскиот систем треба да биде укинувањето на Механизмот за соработка и проверка, а Романија да биде оценета објективно, како што заслужува.

Јоханис изјави дека осум години по воведувањето на Механизмот за соработка и проверка дошол моментот Романија да биде оценувана објективно онака како што заслужува.

Според него условите кои беа предмет на дискусија при приемот на Романија во Европската унија веќе се исполнети.

– Сметам дека една од главните цели на судскиот систем треба да биде укинување на Механизмот за соработка и проверка, посочи Јоханис и додаде дека за остварувањето на таа цел напори треба да вложат сите институции во судскиот систем, Парламентот и извршната власт.

Новиот романски претседател присустваше денеска на седница на Високиот совет на магистратите, на која се избира новото раководство на институцијата по истекувањето на мандатот на досегашното.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски