Десетици илјади пациенти во Полска останаа без медицинска нега од почетокот на годината, откако стотици лекари ги затворија ординациите во знак на протест против воведувањето нови процедури во лекувањето на лицата заболени од рак.
Според лекарите „онколошкиот пакет“, кој беше воведен на 1 јануари, со кој од матичните лекари се бара да извршуваат рано дијагностицирање на рак, ќе им одземе многу време и ќе ги стави во опасност останатите пациенти.
Според Високиот лекарски совет пакетот ќе доведе до дестабилизација на целиот здравствен систем и со тоа нема да дојде до подобрување во лекувањето на лицата заболени од рак.
Стотици лекари, претежно во северните и источните области на Полска, се откажаа од потпишувањето на тој план и од 1 јануари ги затворија своите ординации.
Преговорите меѓу лекарите кои протестираат и министерот за здравство Бартош Арлуковиќ, кој и самиот е лекар, пропаднаа минатата година.
Еден од четворица Полјаци умира од рак, а во повеќето случаи поради тоа што предоцна им е дијагностициран.