Излегувањето на Грција од еврозоната би ја чинело Германија 80 милијарди евра

Од:

Евентуалното излегување на Грција од еврозоната само Германија би ја чинело 80 милијарди евра, оцени претседателот на групата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во Европскиот парламент, Ги Верхофштат.

– Таквата идеја е бесмислена од три причини, појаснува тој, истакнувајќи дека 74 отсто од Грците се за останувањето на земјата во Европската монетарна унија.

Како втор аргумент тој го наведува фактот дека за да ја напушти еврозоната, Грција треба да го прекине членството во ЕУ.

Трет аргумент, кој го наведува е Верхофштат, е дека при таков развој на настаните европските даночни обврзници ќе бидат принудени да платат милијарди евра за обновување на драхмата.

АЛДЕ повикува да не се „чекори по патот на самоисполнувачките пророштва“, туку напорите да бидат насочени кон решавање на инвестициските проблеми на Грција.

Верхофштат оценува дека на ЕУ и недостигаат инвестици од 700 милијарди евра.

– Треба да ни стане јасно дека сите сме во еден брод и оти треба заедно да ги решаваме проблемите, додава тој.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ