Во Турција се уапсени 22 полицајци поради прислушување

Од:

Турската полиција денеска изврши рација ширум земјата, шти што се уапсени 22 полицајци осомничени за нелегално прислушување на нивни колеги, државни службеници и бизнисмени.

Апсењата се дел од кампањата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган против приврзаниците на својот противник, а поранешен сојузник, Фетулах Ѓулен.

Канцеларијата на државниот обвинител во провинцијата Газиантеп ја координирала рацијата во 13 градови, главно во источниот и југоисточниот дел на Турција.

Во текот на минатата година турските власти веќе уапсија неколку десетици полицајци осомничени дека го прислушувале Ердоган и останатите функционери.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ