Српската полиција во потрага по групата која препродавала 13,5 тони расипани торти земени од депонија

Од:

Српската полиција е во потрага по лица кои учествувале во организирана и криминална препродажба на 18.000 торти кои морале да бидат уништени на градска депонија во Крагуевац.

Во Клиничкиот центар нема пријавени случаи на труење од храна.

Градоначалникот и полицијата дознале за кражбата на расипаните торти тешки 13,5 тони дури десет дена подоцна.

– Во прашање е организиран криминал бидејќи знаеле кога тортите ќе стигнат на депонија. Истиот ден се пренесени со камиони и други возила. Во списоците на Комунална хигиена пишува дека се уништени, но на видео надзорот се се гледа. Прашање е каде завршиле 18.000 торти бидејќи Крагуевац е мал пазар за таа количина. Се сомневаме дека се скриени по ладилници и се чека Божиќ за дополнително да се продадат, вели градоначалникот на Крагуевац Радомир Николиќ.

Досега во комуналното претпријатие суспендирани се 10 луѓе.

Тортите биле произведени од реномирана фирма од Крагуевац и биле за извоз во ЕУ, но по налог на Ветеринарната инспекција испратени се за уништување поради расипан уред за ладење.

Претставниците на организациите за заштита на потрошувачи оценуваат денеска дека за ситуацијата со расипаните торти кои завршиле на црниот пазар, одговорни се несовесни инспектори кои прекршиле закон, но и самите граѓани.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда