Најголемиот број од оние што ги гледале цртаните филмови на „Волт Дизни“ веројатно не ни забележале дека во повеќето од нив на некој начин се појавува и ликот на Мики Маус.
Тврдењата дека аниматорите на „Дизни“ во цртаните филмови на оваа продуцентска куќа го „уфрлуваат“ и ликот на Мики Маус постојат веќе подолго време, па затоа многумина се упорни во потрагата по најпознатото глувче во светот во секој анимиран филм.
Една анализа на филмовите на „Дизни“ покажува дека Мики навистина се појавува во нејголемиот дел од нив, иако не е секогаш во својот препознатлив изглед. Во некои филмови е многу тешко да се пронајде, во други „е пред нос“, некаде се крие зад некои предмети, некаде е меѓу толпа ликови, а се појавува и на дното на морето.
Ликот на Мики Маус од меурчиња го има во „Снежана и седумте џуџиња“ и во „Пепешка“.
Култното глувче го има и во „Фрозен“…
како и во „Малата сирена“, каде е во дружтво со Шиљо и Пајо Паторот.
Мики Маус се крие и во „Аладин“, каде Раџа наеднаш ги добива неговите уши,
а го има и во Херкулес.
Мики Маус се појавува и во „Спасувачите“,
а и во „Филмот за Шиљо“.