А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиев: Владата нема никаков проблем студентите да присуствуваат на дебатата

by А1он05/01/2015 - 14:30201
Share0

Владата нема никаков проблем студентите да присуствуваат на дебатата. Доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно во рамките на нивната делегација која ќе учествува на денешната дебата да има студенти, тогаш ние немаме никаков проблем, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од професорскиот пленум дека на дебатата не било дозволено да присуствуваат и студенти, Ѓорѓиев рече дека никаде во понудата за форматот кој треба да биде присутен од страна на Интеруниверзитетската конференција не било ограничено дека не може да присуствуваат студенти.

– Напротив, ги охрабруваме луѓето од Интеруниверзитеската конференција и нејзиниот претседател да вклучат во рамките на делегацијата и претставници на студентите. Може да вклучат и студенти кои изразија поддршка на реформите, но и претставници на студентите кои изразија несогласување, нагласи Ѓорѓиев.
Оцени дека е добро што ќе се дебатира и ќе се разменуваат мислења меѓу засегнатите страни. Дебатата што се случува во јавноста, како што нагласи, не е од вчера.

– Оваа јавна дискусија трае веќе три месеци преку различни форми, организирање разни трибини, состаноци и изјави во медиуми. Ова е уште еден составен квалитативно надополнет дел на самата дебата каде на исто место ќе може да се дебатира за високото образoвание. Сите се повеќе од добрoдојдени да присуствуваат и заедно да ги согледаме сите аспекти на понудените реформи за кои ние сметаме дека се исправни и носат додадена вредност и за студентите и за професорите и за целокупното општество, потенцира Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube
vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео