Бројот на Јапонци кои имаат 100 години и повеќе постигна нов рекорд, соопшти јапонската Влада.
Според последните податоци, во Јапонија живеат вкупно 58.820 стогодишници, што е околу 4.400 повеќе отколку минатата година. Од нив 87 отсто се жени.
Бројот на стогодишници во Јапонија во текот на последните децении постојано расте.
Кога нивниот број во 1963 година почнал да се следи, нивниот број бил 153.
Растечкиот број повозразни луѓе во Јапонија е резултат на напредокот во медицината и здравата локална култура, но воедно е и демографска бомба поради се поголемиот притисок на здравството и социјалната заштита.