Околу 30 пожарникари се полесно повредени при обидот да го изгаснат пожарот во сојузната држава Јужна Австралија, пред најавеното зголемување на температурата до 38 стрепени Целзиусови в среда и засилување на ветровите.
Спасувачките екипи соопштија дека огнот може да зафати нови 13.000 хектари шума.
Во погодениот реон живеат околу 40.000 луѓе кои се занимаваат со земјоделство и лозарство.
Метеоролозите наведуваат дека временските услови во сојузната држава Јужна Австралија се најтешки од 1983 година кога во пожари во државите Викторија и Јужна Австралија загинаа над 70 луѓе и изгореа илијада домови.