Актерот Џони Луис, еден од главните ликови во серијата “Синови на анархијата“ во која умирe од насилна смрт, починал, како што пренесуваат американските медиуми, откако ја убил газдарицата на станот во кој живеел и ги нападнал соседите во близина на Холивуд.
Луис кој во серијата го глумеше ликот на Кип Епс, е единствениот осомничен за смрта на 81 годишната Кетрин Дејвис, соопштила полицијата во Лос Анџелес.
Полицијата нивните тела ги пронашла вчера наутро, откако соседите алармирале дека слушнале женски извици пред куќата. Домот на жената бил комплетно уништен, имало стакла насекаде,а полицијата пронашла и мртва мачка.
Соседите пријавиле дека Луис ја прескокнал оградата од куќата и ги нападнал молерот и сопственикот во соседната куќа. Телото на 28 годишниот Луис било пронајдено на патот, најверојатно откако добил фатални поврди кога скокнал од кров, гаража или балкон.
Во полицискиот извештај се наведува дека Луис пред да скокне го распарал телото на домашното милениче, мачката на несреќната старица.
Полцијата наведува дека Дејвис била претепана до смрт, а адвокатот на актерот тврди дека имал сериозни психички проблеми. Тој минатата недела излегол од затвор, каде отслужувал казна поради кражба и закани со огнено оружје. Се лечел од зависности до дрога и алкохол, а бил и под психијатриски надзор цело лето.
Неговата кариера траеше повеќе од 10 години. Луис играше помали улоги во сериите „Округот Оринџ“, „Судијата Ејми“, „Малком“, но сепак најголемата популарност ја здоби со серијата „Синови на анархијата“.
Творецот на серијата, Курт Сатер, се огласил преку Твитер пишувајќи: „Трагичен крај на екстремно таленитрано момче, кое го изгуби својот пат, би сакал да кажам дека сум шокиран од настаните, но не сум. Жалам само што невина личност му се нашла на патот на неговото самоуништување“.