(ВИДЕО) Тунески: Власта има пари за барокни фасади на МЕПСО и ЕВН, а струја нема веќе 7 дена

Од:

Несфатливо е повеќе од 7 дена овдешните жители да немаат електрична енергија.
Никогаш ова не се случило, волку долг период да се нема електрична енергија, практично им носи големи штети на домаќинствата овде.

Луѓето се жалат дека не само што не ја поминаа Новата Година со струја, ја поминаа на свеќи, туку и се што спремале за Нова Година и се што имале како залиха во фрижидерите е расипано.

Наместо да се оддржува мрежата, наместо да се вложува во средства за нови далекуводи и за одржување на постојните, средствата што се собираат од граѓаните за електрична енергија, коишто се два пати поголеми во последните 8 до 9 години, се насочуваат кон непродуктивни инвестиции во барокни фасади на МЕПСО, барокна фасада на ЕВН. Сите тие барокни фасади се плаќаат од џебот на граѓаните, а за возврат граѓаните немаат електична енергија кога најмногу им треба.

Овде се печалбари главно, луѓето се дојдени тука за новогодишните празници, наместо во пријатна топла атмосфера со своите најблиски да ја просават Новата Година, биле принудени и се пронудени овие празници да ги поминат со свеќи и во мошне непријатна атмосфера, рече Атанаско Тунески, член на Комисија за енергетика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите