Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ изјави денеска дека средствата од продажбата на Телеком ќе бидат употребени за отплата на неповолните кредити и покренување инвестиции.
Тој истакна дека во буџетот за 2015 година не се внесени планираните приходи од продажбата на Железара, Телеком, ниту останатите фирми кои ќе се приватизираат.
– Првпат она што беше под линијата, како што се државните гаранции за јавните претпријатија, ги ставивме над линијата. Тоа вообичаено не е прикажувано во буџетот за да се намали дефицитот. Тоа го правеа сите влади, рече Љајиќ.
– Ние сега кажуваме многу јасно дека 81 милијарда државни гаранции влегуваат во вкупните расходи и дефицит. Но од друга страна, очекуваните приходи од Железара, Телеком, ниту од приватизацијата на 502 фирми не ги ставивме во буџетот, рече тој.