САД: Уловил пастрмка и во неа нашол човечки прст

Од:

Бизарен настан се случил во американската сојузна држава Ајдахо. Рибар, уловил пастрмка на езерото Прист, но кога почнал да ја чисти во нејзината внатрешност нашол човечки прст. Рибарот Нолан Калвин, прстот веднаш го завиткал во лед и го однел кај шерифот во блиската Баунер Каунти. Истражителите веднаш земале отисок од прстот и го пронашле неговиот сопственик.

Утврдено е дека прстот му припаѓа на 31 годишниот Хасан Галасија, бордер од Вашингтон. Тој им раскажал на полицајците дека го изгубил прстот уште во јуни, кога дошол да скија на вода на езерото, и кога во незгода во која околу прстите му се замотало јаже, му ги откинало четири прсти.

Галасија им раскажал на американските новинари, како шерифот му понудил да си го земе прстот назад, но тој одбил. Во моментот тој посетува терапија два пати неделно поради сериозноста на повредите, а од прстите му останале само пола показелец и средниот прст.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД