ВМРО-ДПМНЕ: СМС пораката е груб фалсификат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека пораката за вчерашните контрапротести е испратена од партијата за да се мобилизира членството.

„Порталот А1on и сличните на него, ја поминаа секоја можна граница на разумното однесување и коректното и објективно известување.

Грубиот фалсификат кој го направија со наводните смс пораки кој биле праќани до членството на ВМРО-ДПМНЕ по наредба на претседателот, преставува целосна измислица и подметнување својствено на субјектите кои се користат со најдиктаторски методи.

Жално е што овие медиуми се сврстија себе си во редот на талибанските прокламации со кои се користи СДСМ и ги погазија сите можни принципи на објективното информирање“, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

А1он поседува докази за телефонскиот број од кој е испратена пораката, меѓутоа засега нема да открива поради последиците по членот на оваа партија. Пораката што ја објави А1он е испраќана од претседател на месен комитет во општината Аеродром до сите членови.

А1он поседува и докази за пристуните на контрамитингот, од која општина се, дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ или не, без разлика дали излегле од работното место во Царина, дали дошле со трактор од Ново Лисиче или пак групно се организирале за пред собрание од Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ