САД ги зајакнаа санкциите кон Северна Кореја во врска со хакерскиот напад врз филмското студио „Сони пикчрс“.
Претседателот Барак Обама го потпиша денеска указот, со кој се одобруваат санкциите. САД веќе наложиле санкции на Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.
Тоа, меѓутоа, се првите санкции поради наводни кибер напади на Пјонгјанг.
Санкциите ќе засегнат три севернокорејски организации, вклучително разузнавањето на земјата и фирми за трговија со оружје.
Објект на санкциите на САД ќе станат и десетина физички лица, кои работат за тие организации или за владата на Северна Кореја.