Новогодишната традиција на Виенската филхармонија со грандиозниот концерт на популарни композиции од класичната музика на 1. јануари е добро позната, но, малкумина знаат како настанал овој обичај. Би би си открива дека оваа традиција има своја мрачна тајна.
Повеќето луѓе мислат дека овие концерти за Нова година припаѓаат на традицијата стара неколку векови, но, тие започнале за време на нацистичката ера. Всушност, овие концерти биле проект на Јозеф Гебелс.
Првиот ваков новогодишен концерт се одржал на новогодишната ноќ 1939 година, со цел прибирање на парични средства. Тоа бил план на Хитлер Национал-социјалистичка партија – со собраните пари да се купи гориво за претстојните студени месеци.
На програмата на филхармонијата биле композиции од Јохан Штраус.
Организирањето на гала концерт со музиката на Штраус било иницијатива на нацистите, а овие настани се правеле со цел да го обединат целиот Трет Рајх и да се создаде заеднички дух на државата, но и да се соберат пари.
Било одлучено концертот се одржува секоја година на новогодишната ноќ и на првиот ден од новата календарска година. Кога станало јасно дека војната ќе биде долга, нацистите сметале дека композициите како валцерот „На убавиот син Дунав” ќе го подигне моралот на војската, но и на целата нација.
Кога се дознало дека Штраус има еврејски корени, Гебелс лично се заложил да го прикрие тој факт.
По војната, многу работи поврзани со нацистите се променети, но концертите на Виенската филхармонија продолжија да се одржуваат секоја година
Во Македонија од оваа година започна традицијата на новогодишен концерт на 1. јануари.