Напаѓачот врз палатата во Истанбул поврзан со терористички групи

Од:

Вооружениот маж кој вчера се обиде да изврши бомбашки напад врз палатата Долмабахче во Истанбул, каде меѓу останатите се наоѓа и канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, е поврзан со терористички групи, соопшти синоќа началникот на истанбулската полиција Сељами Алтанок.

Како што јави турската агенција Анадолија, Алтанок нагласи дека напаѓачот бил вооружен со пиштол и автоматска пушка.

Напаѓачот беше уапсен вчера откако фрли рачна бомба, која не експлодира, врз полицајците што ја обезбедуваат палатата Долмабахче.

Турските медиуми претходно информираа дека напаѓаќот бил член на забранета левичарска организација и дека при апсењето кај него биле пронајдени автоматска пушка и рачно изработена експлозивна направа,

Засега не е познато дали Давутоглу бил во канцеларијата во Долмабахче за време на инцидентот. Оваа премиерска канцеларија вообичаено се служи за церемонијалани приеми, но поранешниот турски премиер и актуелен претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган често престојуваше во неа и ја користеше како работен кабинет.

Палатата Долмабахче, која се наоѓа во истанбулската населба Бешикташ, е и местото каде во 1938 година почина основачот на современата турска република Мустафа Кемал Ататурк.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ