Бројот на новородените деца во Јапонија минатата година се намали до најниското ниво досега, а бројот на починатите се зголеми до највисоко ниво по Втората светска војна, покажуваат статистичките податоци во земјата.
Во 2014 година во Јапонија се родиле еден милион и илјада бебиња и тоа беше четврта година со пад на наталитетот во земјата.
Бројот на починатите Јапонци се зголемил на 1.269.000. Јапонија минатата година регистрираше негативен прираст од 268 илјади лица.