Вооружен напаѓач пукал врз канцеларијата на турскиот претседател Ердоган

Од:

Во Истанбул маж пукаше во зградата во која се наоѓа канцеларијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Врз зградата фрлил и граната, но таа не експлодирала, објавија турски медиуми.

Напаѓачот е уапсен пред палатата Долмабахче. Не е познато дали Ердоган во тоа време бил во својата канцеларија.

Турските медиуми јавуваат дека неименуваниот напаѓач бил вооружен со автоматско оружје и пиштол и дека прво отворил оган, а потоа фрлил и рачна граната.

Полицијата подоцна со контролирана експлозија ја уништила гранатата. Засега не е познато кои се мотивите на напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ