Фестивал на чајот и читањето од утре до 8. март

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од утре ќе ја организираат традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“.

Фестивалот ќе трае до 8. март 2015. година и ќе се одржува во кафе-книжарницата и галеријата „Феникс“. Во рамки на Фестивалот е распишан Конкурс за ликовни дела на тема „Книга и чај“, ќе биде одбележан роденденот на Гоце Делчев и врачена наградата „Гоцевата мисла“, ќе има ликовна работилница за сликање на платно – мал формат, како и повеќе промоции на книги, ликовни изложби, уметнички чајанки…

„Феникс“ соопшти дека авторите кои се заинтересирани за учество и настап на „Фестивалот на чајот и читањето“ треба навреме да се пријават кај организаторите.

Ликовните творби на тема „Книга и чај“ веќе пристигнуваат и ќе бидат изложени на 4 февруари 2015 година. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска