Собранието во 2014 донело 345 закони

Од:

Собранието на Република Македонија во 2014 година вкупно одржало 35 седници, а биле донесени 345 закони.

Најдолго траела 82-ра седница, 61 час и 30 мин, во девет продолженија, и тоа од минатиот собраниски состав. Најкратка е 13-та седница од новиот собраниски состав.

Во новиот осми мандат, кој започна на 10-ти мај до денеска, се одржани 29 седници. Вкупно се донесени 164 закони, од кои 95 по редовна постапка, 57 по скратена и 12 закони за ратификација на договори.

Најдолга била 12-та седница, која имала три продолженија и вкупно траела 21 час и 58 минути. Најкратко траела 13-та седница, вкупно 15 минути.

Би можело да ве интересира

Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Критики за програмата и кадровските решенија од опозицијата, прва половина од собраниската седница за избор на новата влада

Мицкоски: Државата е во клиничка смрт, институциите се доведени пред пропаст

Собраниска седница за избор на новата влада