Фрлени 120 тони сол во Скопје

Од:

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје фрелни се 120 тони сол, соопштија од Градот.

– Екипите на зимската служба и изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се проодни, се наведува во соопштението.

Од Градот потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Од Градот апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса.

Автобусите со број 3 од Кл. Центар(Панорама) – сп. Сала МЗТ (До пункт болница), 8 нас. Влае – Љуботенски пат (до Бутел пунктот), 11 Т.Центар – с.Рашче (До Свиларе), 12 Шишево – Скопски Саем (до Глумово), 47 Т.Центар – с.Љубанци (до црква Радишани), 47А Т.Центар – с.Љуботен (До љуботенски пат), 56 Т.Центар – с.Бојане (до расадник), 56А Т.Центар – с.Копаница (до подвозник), 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До општина Сопиште), 58 Т.Центар – с.Брзовец (До Соње), 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Соње), 60 Т.Центар – Хец.Матка (До с. Глумово), 60 Т.Центар – Г.Матка (До касарна) – 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом), 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково), 65 Т.Центар – с. Раштак (до Црешево), 65г Стајковци – с.Виниче (до Црешево), 65Б Т.Центар – Смиљковци (до Црешево), 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица (за Страхојадица до Зелениково), 71 Центар- с. Бањани (По коцката до Мирковци), 80а Драчево – с. Цветово (До Маркова Сушица).

Целосно не сообраќаат линиите од Транспортен центар – Милениумски Крст, 81 Т.Центар – Чучер – Блаце и 74 Т.Центар – Д. Количани, Г.Количани. 

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска