Летонија го презема кормилото на ЕУ, но во страв од големиот сосед

Од:

Хина – Загреб

Летонија со првиот ден во 2015 година го презема полугодишното водство на ЕУ, два месеца откако и самата доби нова влада по парламентарните избори одбележани во страв дека големото руско малцинство во нивната земја може да ја промени тамошната политичка сцена.

– Во првата половина на 2015 година Летонија ќе стане претседавач на ЕУ, првпат во својата историја. Тоа е голема чест и пружа големи можности, но истовремено и голема одговорност и предизвик за Летонија и нејзините граѓани – се вели на страницата на летонското претседателство, прво престедателство откако беше избрана новата Европска комисија во втората половина од годината, Парламентот и новиот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

 Приоритети

Приоритетните правци на Летонија како земја претседавач на ЕУ се конкурентноста и растот, користењето на европскиот дигитален потенцијал во развојот на ЕУ и јакнење на улогата на Унијата на глобален план.

Во текот на претседавањето во првата половина на годината, во Летонија ќе има околу 200 настани, вклучувајќи ги и политичките состаноци на високо ниво.

Еден од главните настани ќе биде 4 самит на Источното партнерство во Рига во мај 2015 година и состаноците поврзани со него, а ќе се одржат и десет неформални состаноци на европските министри, како и собир на министрите по образование АСЕМ, форумот Азија и Европа.

Третиот самит на Источното партнерство е одржан во Вилнус есента во 2013 година, по тој во Прага во 2009 и во Варшава во 2011 година, а беше вовед во украинскиот судир бидејќи на него тогашниот претседател Виктор Јанукович се откажа од приближувањето на ЕУ и потпишувањето на Договорот за приклучување, па направи политички пресврт кон Русија. Со оглед на тоа дека состојбата на тоа подрачје сеуште е нестабилна, тоа сигурно ќе биде една од важните теми на политичките состаноци со кои ќе претседава Летонија.

Преку иницијативата на Источното партнерство, ЕУ ги поддржува реформите на своите шест источни соседи Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Украина и Белорусија, со истовремено јакнење на политичките односи, но и економски врски и олеснување на мобилноста за граѓаните меѓу ЕУ и партнерските држави.

Конкретни политички задачи на Летонија во текот на претседавањето се јакнење на инвестициите и економските реформи, ревизија на европската стратегија до 2020 година, создавање на единствен дигитален пазар, ангажман со стратешки партнери, продолжување на преговорите за проширување, како и прашања поврзани за миграцијата и европската безбедност и одбранбената политика.

Државите членки кои се на претседавачка должност блиску соработуваат со тричлени групи познати под името троец (поранешна, постоечка и идна земја претседавач), а тој систем е воведен со Лисабонскиот договор од 2009 година. Троецот, а сега го сочинуваат Италија која на 31 декември го завршува претседавањето, Летонија и Луксембург кој на 1 јули ќе го преземе, одредува долгорочни цели и подготовки за заедничка програма, утврдувајќи ги темите и основните прашања кои Советот ќе ги решава во период од 18 месеци.

Летонците се горди и на местото каде ќе се одржуваат важни настани поврзани со претседавањето, новата Летонска национална библиотека во Рига, е еден од најважните проекти во 21 век остварени во таа земја, позната како Дворец на светлината, која служи како модерен мултифункционален, културен, едукативен и информативен центар.

– Претседателството е прилика Летонија и Националната библиотека да блеснат и на глобалното ѕвездено небо, не само поттикнувајќи ја работата на Советот на ЕУ, туку и ќе ја претставува нашата богата култура, традиција и успеси на нашите граѓани – се потенцира на страницата на Летонското претседателство.

Зградата е отворена оваа година, сместена на брегот на реката Даугава наспроти стариот ришки град, а ја дизајнираше меѓународно признат американски архитект Гунарис Биркертс, кој е роден во Летонија.

Летонија – контроверзен пример за излез од кризата

Летонија е членка на ЕУ од 2004 година, а неколку години потоа, во екот на финансиската и стопанска криза, од 2008 до 2010 година стопанството и падна дури 25 отсто.

Во 2010 година почна да бележи стопански раст кој во 2011 и 2012 беше над 5 отсто, во 2013 беше 4,1 отсто и беше најбрзо растечко стопанство во Европската унија.

Последица беа остри резови кои ги спроведе тогашниот латвијски премиер Валдис Домбровскис во јавниот сектор, пред било каков притисок од тројката ММФ, Комисијата и Европската централна банка. Тој подели откази на речиси секој трет вработен во државната администрација и ги намали платите во просек од 25 отсто, сето тоа без социјални немири и протести. Сред реформите победи на изборите и остана на чело на земјата.

Меѓутоа, растот на БДП го следеше драстичното иселување на населението, главно на младите и образуваните.

Поради тоа, случајот со Летонија предизвикува длабоки поделби во стручните и политичките кругови во светот – едни ја сметаат за пример на успешни реформи, додека противниците на строгото штедење не ја сметаат за пример, поради влошување на социјалната и демографската слика во земјата.

Обичните луѓе сметаат дека растот е постигнат на штета на нивните плати и пензии, а падот на невработеноста всушност е резултат на иселувањето на луѓето во странство. Летонија според последниот попис на населението од 2011 година имаше 2 милиона жители, а според претходниот во 2000, 2,4 милиони жители.

Иако премиерот Зоран Милановиќ имаше пофални зборови за реформите во Летонија, кога на почетокот на септември во 2013 година ја посети таа земја, подоцна рече дека не верува во строгото штедење како пат за излез од кризата.

Домбровскис, кој за летонскиот пат за излез од кризата напиша и книга, во декември 2013 година поднесе оставка, по трагедијата во супермаркетот Максима во Рига, каде загинаа 54 лица при рушење на кровот и ѕидовите, велејќи дека за таа несреќа презема политичка одговорност. Тоа е најтешка катастрофа која ја погоди таа балтичка земја откако пред 20 години прогласи независност од поранешната СССР.

Домбровскис на должност беше од март 2009 и беше најдолг период премиер на земјата од прогласувањето на нејзината независност. Денес премиерка е Лаимдота Страујума која дојде на чело на владата по изборите одржани на 4 октомври.

Влез во еврозоната

Откако Естонија влезе во еврозоната во 2011 година, а Летонија на јануари 2014, Литванија на 1 јануари 2015 ќе го затвори кругот на балтичките земји членки на еврозоната.

Освен незадоволството од социјалната состојба, јавноста не сакаше влез во еврозоната оваа година, поради тоа тие очекуваат раст на цените.

Меѓутоа, нејзиното искуство со преземањето на еврото, по една година потврдува дека растот на цените бил мал и ограничен, додека знаците на растечката конкурентност и пониските трошоци за трансакциите укажуваат на позитивни долгорочни ефекти, се вели во извештајот на Европската комисија од декември оваа година.

Сепак, раст на цените е забележан на пазарот на недвижнини. Економските податоци исто така покажуваат забрзан раст на платите, што донекаде е предизвик за деловниот свет и политичарите, ако сакаат да ја задржат цената на трудот усогласена со продуктивноста, во контекст на влошувањето на надворешното опкружување. Наспроти амбициозните ветувања за структурните реформи дадени во време на преминот на еврото, нивниот ритам успори, а власта не успеа да направи поголем напредок во клучните сектори како високото образование и науката, пристапот за здравствената заштита, социјалната нееднаквост, управувањето со државниот имот и либерализацијата на енергетскиот пазар, истакна ЕК.

– Можно е причини за тоа да се изборите на 4 октомври оваа година – се вели во извештајот и се потенцира дека забрзувањето на реформите е од клучна важност ако во иднина Летонија сака да ја одржи конкурентноста.

Изборите во сенка на агресивната руска политика

Владејачката коалиција на десниот центар победи на октомвриските парламентарни избори во Летонијано поединечно најдобар резултат оствари опозициската проруска партија Слога со 23,3 отсто.

Трипартиската коалиција која ја чинат Партијата на единство, Националниот сојуз и Сојузот на зелените и селаните, освои 59 отсто гласови, што донесе олеснување на многумина во земјата загрижени дека Слога, која ја поддржува рускиот претседател Владимир Путин, може да ја освои власта. Слога има силна поддршка од русофилите кои се малцинство и се дури една четвртина од населението во Летонија, многу повеќе од што на пример ги има во Украина.

Изборите во Летонија се одржани во сенка на агресивната политика на Русија кон Украина и во страв од големиот сосед, па премиерката веќе го зголеми буџетот за одбраната и заедно со другите две балтички земји, членки на ЕУ и НАТО, заговара посилна контрола на НАТО во регионот.

Руската политика кон Украина имаше големо влијание на изборната кампања. Владата во Рига објави дека дури повеќе не ја исклучува и можноста од агресија на Русија на Летонија, откако Кремљ повеќе пати објави дека ќе ги штити Русите во странство.

Владејачката коалиција во таа земја ја поддржува политиката на ЕУ и НАТО, а руските партии покажуваат разбирање за политиката на Кремељ.

Сите три балтички земји се плашат од Русија, со оглед на влезот на руски авиони и бродови во воздушните простори и приближувањето на морските граници. НАТО им даде гаранција за безбедноста, а како знак за поддршка на регионот во септември ги посети и американскиот претседател Барак Обама, кој во Талин се состана со естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес, латвијскиот колега Андрис Берзинсом и летонската претседателка Далиа Грубајскаите. Порача дека САД се покрај балтичките земји кои се плашат дека по Украина можно е да бидат следни на удар на слична руска политика.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он