Владата ќе воведува подземен катастар

Од:

Приватните и државните компании ќе добијат сопственост на подземните инсталации. Преку законски измени или комплетно нов закон ќе се овозможи засновање право на сопственост врз подземната инфраструктура и ќе може да се добие имотен лист за сопственоста по тaa основa.

Ова го најави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Според него, проектот за воведување подземен катастар и негово електронско функционирање, што го почнува Владата, е од исклучителна важност за граѓаните и за компаниите и исполнување на уште едно ветување.

Со реалзацијата на проектот, појасни, ќе се зголеми вредноста на компаниите и можноста за располагање со инфраструктурата во правниот и економскиот промет, при градењето ќе се знае каква инфраструктура има на теренот за подземните градби и ќе може да се утврди нивната точна местоположба.

„За инвеститорите ќе значи точна информација при планирање, безбедност при градба, помали трошоци. Одобренијата за градба ќе може да се издаваат побрзо затоа што ќе биде позната состојбата на теренот, што ќе биде од корист за граѓаните и инвеститорите“, рече владиниот портпарол.

Подземниот катастар ќе се реализира преку искуствата на Словенија, Литванија, Холандија и Шведска.

„Во тие држави веќе се обучуваат стручни лица од Агенцијата. Најдоцна до октомври ќе се изготви физибилити студија за воспоставување подземен катастар, а до крајот на годината измени на законот за катастар на недвижности или пак комплетно нов закон за инфраструктурни градби. Во активностите ќе бидат вклучени Заедницата на единиците на локалната самоуправа и стопанските комори“, рече Ѓоргиев.

Владиниот портпарол појасни дека со добивањето сопственост за подземните инсталации ќе се зголеми вредноста и на државните и на приватните компании. Тие ќе може да располагаат со таа сопстевност, да ја користат како хипотека или како покритие, што ќе ги подобри нивните перформанси.

Би можело да ве интересира

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

(ВИДЕО) Костова: Владата води погрешни економски политики, цехот го плаќаат граѓаните

Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција