Дел од центарот на Скопје затворен за сообраќај

Од:

Дел од центарот на Скопје денеска,  од 11:00 – 13:30 часот и од 20:00 – 01:00, поради повеќето новогодишни манифестации ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки.

Затворени за сообраќај ќе бидат  улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“. Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на  автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат  на овој потег.

Автобусите 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по улицата „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат улицата „Даме Груев“, зад Собрание.

Автобусите 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по булеварот „Кочо Рацин“, улицата „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по „Даме Груев“ зад Собрание и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времено поставениот режим.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он