Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнето поради остатоците од кашест снег. АМСМ предупредува дека на повисоките места е можна појава на голомразица и препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.