Во Домот на израелските писатели во Тел Авив на македонска вечер е промовирана Антологија на македонската поезија, објавена во Израел на хебрејски јазик.
Во Антологијата се застапени македонски поети од сите генерации. Приредувач на изданието е израелскиот поет Авив Екрони.
– На вечерта со македонска поезија и музика познатиот израелски поет Рони Софер зборуваше за Струшките вечери на поезијата, соопшти писателот Димитар Башевски, со кого Екрони соработувал во подготвувањето на Антологијата. За време на вечерта било прочитано и поздравно писмо од Башевски.