Собранието ги прифати измените на Законот за заштита на децата во прво читање

Од:

Измените на Законот за заштита на децата денеска беа прифатени во прво читање во рамки на 29. собраниска седница.

Со измените се предлага со правото за посебен додаток да бидат опфатени и децата со Даунов синдром и се зголемува за 25 проценти  посебниот додаток за материјално необезбедените родители.

Законот ќе почне да се применува од 1 јуни 2015 година и за неговата имплементација се обезбедени средства во Буџетот.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека со измените ќе се подобри финансиската состојба на материјално необезбедените родители – корисници на посебен додаток и ќе се обезбедат подобри услови за живеење на децата со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.

Пратениците го поддржаа предложеното законско решение, оценувајќи дека е добро што ќе бидат опфатени и децата со Даунов синдром и оти паричниот надоместок им е неопходен на семејствата кои имаат деца со пречки во телесниот или менталниот развој.

Во претпладневниот дел на седницата беа усвоени во прво читање и измените на Законот за производи за заштита на растенијата со кои се предвидува паралелен увоз на пестициди кои веќе се регистрирани и одобрени во Македонија.

– Заради поголема ефикасност и поголема брзина на постапката се предвидува и укинување на контролните маркици, односно бандероли како задолжително користење, појасни заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали