Аргентинската претседателка Кристина Фернандез Кирхнер стана кума на еден Евреин, за да наводно спречи да стане врколак.
Таа по повод необичната церемонија, која што е стара повеќе од 100 години, минатата недела во својата канцеларија се сретна со Јер Тавил и неговото семејство.
За појаснување според аргентинското верување, седмиот син во семејството се претвора во врколак, кој својата вистинска природа ја покажува на првиот петок по 13-от роденден на момчето.
Тогаш тој на полноќ во ноќите кога има полн месец се претвора во демон, кој лови и убива, а потоа повторно се враќа во човечкиот облик. Освен што се храни со измет, некрстени деца и месо од неодамна починати, врколакот е натприродно силен и своето проклетство го штити со каснување.
Стравот од ова суштество во Агрентина се појавил во 19-от век и е толку силен, што семејствата ги напуштале или дури и убивале машките деца, па како одговор е покрената пракса на претседателско „посвојување“ што наводно би требало да го сопре проклетството.
Церемонијата на кумството датира од 1907 година, а ја официјализирал Хауан Доминго Перон, кој во овој процес ги вклучил и девојчињата.
Од тие причини седмиот син или ќерка денес за разлика од почетокот на 20-от век, освен што стануваат службени кумови со претседателот, добиваат и златен медал и целосна стипендија за образование.
Фернандез рече дека Јаир е првото посвоено еврејско момче, бидејќи традицијата до 2009 година вклучуваше само деца католици.
Е. Г.