Пад на вредноста на акциите на атинската и на европските берзи

Од:

Атинската берза, како и неколку други во земјите од еврозната, забележаа пад на вредноста на акциите, веднаш откако стана јасно дека Парламентот на Грција не успеа,ниту во третиот круг од гласањето, да избере нов претседател на земјата.

Само за околу два часа, откако актуелниот премиер Андонис Самарас најави предвремени парламентарни избори,за еден месец, вредноста на акциите на берзата во Атина опаднаа за 11 отсто.

Слични тенденции се забележани на берзите во Мадрид и во Рим, иако процентот на падот е понизок,а фиансиски експерти навестија дека слични движења ималои на неколку други берзи во ЕУ.

Стравот на акционерите и на инвеститорите ја предизвикува можноста на претстојните избори,да победи партијата на крајната левица Сириза, а нејзиниот лидер Алексис Ципрас да состави влада.

Во првата реакција во Брисел, се инсистира дека случувањата во Грција се нејзнина внатрешна работа, но Европската комисија уште при најавата дека во Парламентот ќе се избира наследник на сегашниот претседател, Каролос Папуљас, ги предупреди Грците дека на евентуални парламентарни избори „ќе знаат да го направат вистннскиот избор“.

Ваквата реакција дојде по најновите мерења на рејтингот на грчките партии,кога за прв пат се покажа дека Сириза има најголема подршка. Ципрас не е омилен во Брисел,поради неговото спротвставување на мерките на ЕУ и на Европската Комисија,заедно со ММФ, за стабилизација на грчката економија.

По третиот круг од гласањето за нов претседател во Парламентот во Атина,Ципрас им порача на Грците, но и на Брисел, дека мерките за штедење и за скратување на буџетската потрошувачка „ќе бидат минато за неколку дена“ најавувајќи ја на тој начин победата на неговата Сириза на јануарските избори.

Тој од порано порача дека ако победи, нема да има повеќе мерки за штедење и за кратење на јавните трошоци за да се добијат средства од меѓународните кредитори, ќе покрене нови преговори, како и ќе побара отпишување на дел од долговоте.

Во Брисел, Берлин и во Париз веднаш му одгворија дека „нема теорија“ да се исполнат барањата на Ципрас, а еврозоната стравува дека Атина се соочува со нова криза, овојпат економска, само два месеци откко земјата за пр пат по шест години излезе од рецесијата и забележа стабилизација и економски напредок.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната