А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Измените на Законот за здравствена заштита добија поддршка во матичната комисија

by А1он29/12/2014 - 14:34152
Share0

Собраниската Комисија за здравство на денешната седница ги изгласа измените на Законот за здравствена заштита, во прво читање и ќе му предложи на Собранието да ја констатира потребата за негово донесување.

Добивај вести на вибер

Министерот за здравство Никола Тодоров, образложувајќи го предлогот, истакна дека станува збор за обемен закон за којшто во изминатиот период се организирани серија јавни расправи и оти во него се вградени низа забелешки на еснафските здруженија.

– Со законот се регулираат повеќе аспекти на функционирањето во делот на здравството од евиденцијата на медицинската опрема, начинот на функционирање во рамки на на електронскиот систем „Мој термин“, организацијата на работа, Перфоманс менаџмент системот којшто го воведуваме како законски менаџмент систем во здравството врз онова на кој треба да работат и да бидат оценувани здравствените установи врз основа на кој директорите исто така ќе бидат оценувани. Нивната плата ќе зависи од успешноста односно неуспешноста на работата на здравствената установа, рече Тодоров.

Една од поголемите измени е онаа во делот на специјализациите, начинот на овивањето на специјализациите и полагањето.

– Новиот систем треба да овозможи сериозно подигнување на квалитетот на знаење на специјалистите, докторите на медицина, имајќи предвид што предвидуваме задолжително осумчасовно работно време односно престој или дневна едукација на специјализантите. Исто така со законот се превидува и начинот на полагање на турнусите во текот на специјализацијата, истакна Тодоров.

По укажувањата за време на јавната расправа, како што посочи министерот, се предвидува намалување на цената на партиципацијата за приватните специјализации за делот којшто сега се уплаќаше на јавните здравствени установи.

Специјализацијата е така конципирана да биде поделена во два дела. Исто така се предвидува и давање времена лиценца за работа за постар специјализант и кои работи ќе може да ги извршува тој.

– Со законот се регулира и и начинот за обука на специјализантот во странство. Ние како Министерство се обврзавме да испраќаме определен број специјализанти во странство, како и продолжување на специјализацијата на товар на здравствената установа и регулирање на таканарелена работна специјализација односно овозможување еден специјализант и да работи во здравствена установа и да специјализира, ова особено е важно за оние кои имаат приватна специјализација, рече Тодоров.

Битни сегменти предвидени со измените, според министерот за здравство, се и централната евиденција на работното време, протоколот за безбедна хирургија којшто е во рамки на препораката на СЗО,  патеката за малигни заболувања, за дијабет, како и централниот систем за материјално и финансиско сметководство, којшто практично треба да ги поврзе сите здравствени установи во еден систем.

Пратениците ги поддржаа измените, но посочија и забелешки.

Мирсада Емини – Асани од ДУИ го поздрави донесувањето на измените, особено делот кој што се однесува на специјализациите. Добро е тоа што, вели Емини-Асани, специјализантите ќе имаат ментор и нема да бидат оставени сами да се снаоѓаат, како досега. Смета дека самата медицинска установа да го одредува времетраењето на прегледите и контролите, бидејќи 15 минути, на пример, не се доволни за одредени пациенти.

Пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека добро е тоа што пациентите кои нема да дојдат на закажан термин, на некој начин ќе бидат казнувани, и тоа што пациентот ќе има право да се жали доколку лекарот не го прегледа. Исто така како и неговата колешка позитивно ги оцени измените во делот на специјализациите.

sobranie

Би можело да ве интересира

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Катерина Ѓуровски03/11/2025 - 14:14

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:55

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:29

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:4205/09/2025 - 10:58

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Горан Наумовски26/08/2025 - 12:25

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен