МЕПСО воспостави редовно напојување со струја во Охрид, Струга и Дебар

Од:

Сите елементи од преносната електро мрежа во охридско-ресенскиот регион се под напон од 10 часот и пет минути утрово и е воспоставено редовно напојување со електрична енергија на потрошувачите во Охрид, Струга и во Дебар, соопштуваат од МЕПСО.

Екипите на МЕПСО, како што наведуваат во соопштението, се на терен и во континуитет вршат проверки на далекуводните траси во должина од околу 200 километри на потегот од Дебар-Струга-Охрид-Ресен до Битола.

Појаснуваат дека во 7 часот и 30 минути регистрирана е безнапонска состојба на 110 киловолтен далекувод Т.С. Ресен – Т.С. Охрид 2 со што градовите Охрид, Струга и Дебар остануваат без напојување со електрична енергија. Екипите на МЕПСО излегоа на терен за да ја утврдат локација и да го отстранат дефектот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час