Фрлени 145 тони сол низ улиците во Скопје

Од:

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје фрлени се 145 тони сол, соопштија од Градот.

– Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни, а екипите на ЈП „Комунална хигиена” работат на расчистување на тротоарите, стои во соопштението.

Утрово поголем број  автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса.

– 11 Т.Центар – с.Рашче (До пругата Ѓ.П.), 17А  Островска – Касарна Илинден (До Панда), 21 Транспортен Центар – с.Бардовци (не оди за конак), 47 Т.Центар – с.Љубанци (До Радишани), 47А Т.Центар – с.Љуботен (До обиколница Љуботенски Пат), 55 Т.Центар – с.Арачиново (Пред с. Арачиново), 56 Т.Центар – с.Бојане (До расадник), 56А Т.Центар – с.Копаница (До подвозник), 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До Кисела Вода),  Т.Центар – с.Брзовец (До Кисела Вода), 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Кисела Вода), 59 Карпош 3 – Гр. Бутел – К. Бара (До коцката), 60 Т.Центар – Г.Матка (До с.Глумово), 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом), 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково), 65 Т.Центар – с. Раштак (До с. Стајковци), 65г Стајковци – с.Виниче (До с.Црешево), 67 Т.Центар – с. Зелениково, Н.Село, Страхојадица ( за Н.Село до Зелениково), 68 Т.Центар – с. Сушица (Не оди за с.Винце), 71 Центар- с. Бањани (До с.Мирковци по коцката), 74 Т.Центар – Д. Количани, Г.Количани (До дрвара Драчево), 81 Т.Центар – Чучер – Блаце (До с.Чучер), Транспортен Центар – Милениумски Крст (воопшто не сообраќа).

Би можело да ве интересира

Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето