Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје ги соопштија добитниците на Меѓународната награда „Ана Франк“.
Добитници оваа година се Весна Мојсова-Чепишевска од Македонија, Перо Зупац и Даниела Божичковиќ-Радуловиќ од Србија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и Милица Бакрач од Црна Гора.
Наградата се доделува по шести пат за резултати во создавањето, презентацијата и афирмацијата на литературата за деца и млади.
„Феникс“ денеска организира предновогодишен авторски настап на кој ќе бидат соопштени добитниците на наградата „Ана Франк“, а ќе биде отворена и изложба на ликовни дела на писателот Христо Петрески.