Во клубот „Менада” во Старата скопска чаршија вечер ќе биде промовиран романот „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска, кој е јубилејна 100. книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.
За романот ќе зборуваат Лидија Димковска и Ѓоко Здравески.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.
Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“. „Вишнова хроника“ е нејзин втор роман.