Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната комисија и комисиите за транспорт врски и екологија, за одбрана и безбедност и за здравство.

На дневен ред на Законодавно-правната и на Комисијата за транспорт всрки и екологија се Предлог законот за градежно земјиште и предлозите за изменување и дополнување на законите, за облигациските и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и за квалитет на амбиентниот воздух, сите во прво читање.

Членовите на Законодаво-правната комисја ќе распрваат и за предлог за изменување на Законот за здравствена заштита и за Предлог – втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 – 2020 година. Оваа стратегија е единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за здравтсво, пак, ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по измените и дополнувањата на Законот за управување со отпадот во второ читање, додека пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за странците исто така во второ читање.

На седницата на Комисијата за европски прашања е третото продолжение на надзорната расправа „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош – ИПА во Република Македонија“ што почна во јули 2013 година.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител