Икањето било кобно за момчето од Тексас, кога пријателот со намера да го „ослободи“ од непријатноста, го застрелал в лице.
Патрик Маерс, војник во армијата на САД, заедно со пријателот гледале натпревар дома кај него. Момчето почнало да ика, а Маерс со намера да го уплаши,за да престане икањето, му вперил пиштол в лице, но оружјето случајно испукало.
Маерс е приведен и во полицијата кажал дека се работи за несреќен случај во кој тој мислел дека пиштолот е наполнет со гумени куршуми.