Фрлени над 200 тони сол на скопските булевари и улици

Од:

Над 200 тони сол се фрлени до 17:30 часот на на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје.

Досега е интервенирано на критичните точки на градските сообраќајници – високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара и поголем број на подвозници, како и на сите булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје.

Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта” се на терен со возила – соларки и соларки со плуг.

Градот Скопје потсетува дека во негова надлежност се булеварите и одредени градски улици, а за преостанатите улици се надлежни општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и во текот на ноќта и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги паркираат возилата на булеварите, магистралните улици и тротоарите, бидејќи со тоа ја попречуваат работата на екипите на зимската служба. Доколку одредени возила се паркирани непрописно, ќе бидат тргнати од страна на пајак служба.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски